Емили Џејмс ги запрепасти своите следбеници на TikTok кога откри дека ќе направи круна од нејзините ребра.
Емили Џејмс потекнува од Канзас Сити и е популарна на социјалните мрежи. Таа сега откри дека потрошила околу 16.000 евра за операцијата за отстранување на ребрата . Сакала да се оперира заради подобар изглед и тоа го добила. По долго размислување, таа решила на најдобар начин да ги искористи отстранетите ребра, што некои ги изненади.
Круна од ребра
Папрено ја плати операцијата само за да има вистинска половина, бидејќи е трансродова и не го крие тоа од другите. За нејзината операција да не биде заборавена токму така, решила на најбизарен начин да ги искористи извадените ребра – од нив ќе направи круна.
– Ми дозволија да ги задржам ребрата и најпрво имав намера да и ги дадам на мојата најдобра пријателка – рече таа и ги запрепасти сите.
За време на нејзиното закрепнување, таа мораше постојано да носи корсет за да ја фиксира областа. Таа на социјалните мрежи сподели како изгледа нејзината процедура, односно операцијата и со задоволство одговори на сите прашања кои и беа напишани на ТикТок.
Таа во видеото признала дека и биле отстранети три ребра од секоја страна, а нејзината идеја да ги претвори во круна ги запрепастила луѓето. Рекла и дека лекарскиот тим и дозволил да ги задржи и да ги однесе дома.
Интересно е што оваа одлука не ги изненади некои нејзини следбеници бидејќи и претходно слушнале за вакви ситуации. Некои и предложиле да ги претвори во чорба, односно да ги користи за супа. И покрај сугестиите од одредени луѓе, Џејмс рече дека нема да си ги јаде ребрата во која било форма.
Таа постојано ги игнорира оние кои ја критикуваат на социјалните мрежи и смета дека нејзината одлука е правилна бидејќи најважно и е да изгледа убаво.
– Отстранувањето на ребрата не го менува фактот дека сум љубезна транс девојка. Знам дека вашите мајки се шетаат со импланти во клошарите, како е ова различно? – се запраша таа и нагласи дека се работи само за нејзиното тело и желби, поради што никој нема право ништо да каже, пишува NY Post .