Многу потресно.
Фудбалерот на Севиља, Немања Гудеље изјави дека никогаш нема да го заборави чувството за освојување на Лигата на Европа.
Севиља беше подобра од Рома во финалето на Лига Европа кое се одигра во Будимпешта.
Гудељ неодамна го продолжи и договорот со тимот од Андалузија до 2026 година.
– Зборував со претседателот, потпретседателот и Монџи – сè помина прилично лесно и брзо. Во текот на сезоната имавме поважни работи и затоа не го решивме порано, но двете страни сакаа да продолжиме, само ги решивме деталите кога заврши сезоната – вели српскиот репрезентативец.
По подоброто изведување на пенали, Севиља се закити со нов трофеј во Лига Европа со што стана тим со најмногу трофеи во ова натпреварување.
– Уникатно чувство. Не сум човек што лесно плаче, но кога Монтиел го изведе последниот пенал, почувствував се што поминавме во текот на сезоната, бесот што не победуваме… И за мене беше многу емотивно – јас го изгубив своето бебе а и брат ми на неколку минути… Тоа се работите што те јадат одвнатре, а потоа сè излегува на површина. Пет или десет минути солзите ми течеа сами. Никогаш нема да го заборавам тоа – изјави Гудељ во интервју за Марка.
Гудељ пристигна во Севиља летото 2019 година. Во четири сезони одигра 163 натпревари за Севиља и двапати ја освои Лигата на Европа.