Кејти Прајс (46) порано беше вистинска природна убавица, но се се промени од денот кога почна да прави пластични операции. Оттогаш таа не застанува, а тврди дека ги има најголемите гради во својата земја.
Кејти Прајс е поранешна манекенка и денешна старлета, а сите се познати по нејзините естетски операции бидејќи имала безброј.
Пред само неколку месеци банкротираше поради неплатен данок од 761.994,05 фунти, но и покрај таа финансиска „криза“ се пофали дека повторно го затегнала лицето, а и ги зголемила градите по 17-ти пат.
Папараците ја уловија додека била на одмор во Турција каде најверојатно ги правела сите овие операции. Се гледаа завоите на лицето и лузните, а градите огромни.
Најголемите гради во Британија
Кејти Прајс, која сака да се нарекува себеси сопственичка на најголемите гради во Британија, повторно одлучила да ги зголеми и „да ја заштити драгоцената титула“.
Денес се чини дека речиси и да нема тело што не е оперирано или „надградено“, а и покрај предупредувањата на лекарите, нема намера да застане.
Инаку, претходно Кејти, која минува низ огромни финансиски проблеми, призна дека за нив се виновни нејзините поранешни сопрузи. Таа смета дека мажите во нејзиниот живот ја донеле „на дното“ затоа што „ги плаќала нивните животи“, што довело до банкрот. Таа објасни дека сите нејзини драми „секогаш биле предизвикани од мажи“, а во претходното интервју за Тајмс признала дека е „слаба за љубов“.
Мајката на пет деца, која сега живее во Сасекс, за прв пат банкротираше во 2019 година, а минатата недела ја пречека полицијата на аеродромот и ја уапси. Потерницата за нејзино апсење била издадена затоа што „пораснала“ надвор од државата и не се појавила на судење.