Шон Пен (65) моментално го промовира својот нов филм „Една битка по друга“ во кој глуми заедно со Леонардо Дикаприо, Бениси дел Торо и Тејана Тејлор.
На крајот од минатата година, легендарниот добитник на Оскар ја потврди својата врска со 34 години помладата молдавска актерка и модел Валерија Ников, со која потоа се појави на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, Мароко. Пред тоа, беа видени во септември во Мадрид како шетаат и разменуваат нежности.
Големата разлика во годините не им одговараше на сите, па затоа имаше многу критики на негова сметка. Иако многумина признаваат дека тој сè уште изгледа одлично за маж во средината на 60-тите години, она што предизвика најмногу коментари беше токму разликата – и во возраста и во изгледот.
Според податоците од IMDb, Валерија во својата кариера работела на шест филмски проекти, а симпатиите на публиката ги освоила благодарение на својот беспрекорен изглед.
Дури и пред Валерија, Пен беше познат по своите врски со многу помлади жени. Пред три години се разведе од австралиската актерка Лејла Џорџ (32), по само една година брак.
После тоа, тој беше виден во друштво на украинската актерка Олга Короткова, која е 19 години помлада од него, а потоа и со австралиската актерка Натали Кели, која е 24 години помлада.
Тој во минатото бакнал многу познати убавици. Беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, а потоа со Робин Рајт од 1996 до 2010 година. Со Робин има две деца – ќерката Дилан Франсис (34) и синот Хопер (32).