“ГИ ОТФРЛАТЕ НАШИТЕ СОВЕТИ“ – Норвешка стана првата земја во светот која се осмели да го направи овој потег: “Ова е сосема лудо!“

Норвешка најверојатно ќе стане првата земја во светот што ќе се впушти во контроверзната практика на комерцијално ископување во длабоко море. Планот, пред парламентарното гласање во вторник, ќе го забрза ловот на благородни метали. Еколошките научници предупредија дека тоа може да биде катастрофално за морскиот живот, пишува BBC.

Владата на Норвешка истакна дека е претпазлива и дека ќе започне со издавање дозволи само откако ќе бидат извршени дополнителни еколошки студии. Во длабокото море, постојат карпи наречени нодули и кори кои содржат минерали како што се литиум, скандиум и кобалт, клучни за чисти, зелени технологии, вклучително и батерии.

Предлогот на Норвешка ќе отвори 280.000 квадратни километри од нејзините национални води за компаниите да аплицираат за ископување на тие извори – област со големина на Велика БританијаВалтер Согнес, ко-основач на норвешката рударска компанија Loke Minerals, која планира да аплицира за лиценца откако предлогот ќе биде одобрен, призна дека треба да се направи повеќе за да се запознае длабокиот океан пред да започне рударството. 

Ќе имаме релативно долг период на истражување и мапирање за да го затвориме јазот во знаењето за влијанието врз животната средина“, изјавил тој за BBC.

Маријана Сивертсен Нес, претседател на Постојаниот комитет за енергија и животна средина, кој го разгледа првичниот план, вели дека норвешката Влада презела превентивен пристап кон минералните активности. 

Во моментов го немаме потребното знаење за извлекување минерали од морското дно на потребниот начин. Предлогот на Владата за отворање на просторот за активности им овозможува на приватните играчи да истражуваат и да стекнат знаење и податоци од областите за кои станува збор. Отворањето на областа е не е исто како да се одобри екстракција на минерали од морското дно“, вели Маријана Сивертсен Нес.

Мартин Вебелер, океански активист и истражувач во Фондацијата за еколошка правда, вели дека тоа би било „катастрофално“ за морските живеалишта. 

Норвешката Влада отсекогаш нагласувала дека сака да ги спроведе највисоките еколошки стандарди“, вели тој и нагласува: „Тоа е лицемерно, ги отфрлате сите научни совети“, додавајќи дека рударските компании треба да се фокусираат на спречување на еколошката штета во тековните операции, наместо да отвораат сосема нова индустрија.

Предлогот ја става земјата во судир со ЕУ и Велика Британија, кои повикаа на привремена забрана на практиката поради загриженоста за еколошката штета. Техниките за собирање минерали од морското дно може да генерираат големо загадување, како и да го оштетат живеалиштето на организмите што се потпираат на јазлите, според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Во ноември, во необичен потег, 120 европратеници напишаа отворено писмо во кое го повикаа норвешкиот парламент да го отфрли проектот поради ризиците од таквата активност за морскиот биодиверзитет и забрзувањето на климатските промени. Во писмото се наведува и дека проценката на влијанието спроведена од Норвешка има премногу празнини во знаењето.

Покрај надворешните критики, норвешката Влада се соочи и со противење од сопствени експерти. Институтот за морски истражувања на Норвешка (IMR) соопшти дека Владата направила претпоставки од мала област за истражување и ги применила на целата област планирана за дупчење. Се проценува дека се потребни уште пет до десет години истражување на влијанието на видовите.

Активистите тврдат дека повеќе инвестиции треба да се вложат во рециклирање и повторна употреба на постоечките минерали што ги ископавме на копно. Фондацијата за еколошка правда проценува во извештајот дека 16.000 тони кобалт годишно, околу 10% од годишното производство, би можеле да се обноват преку подобрено собирање и рециклирање на мобилни телефони.

Додека предлогот на Норвешка се однесува на нејзините национални води, преговорите продолжуваат за тоа дали може да се издаваат дозволи во меѓународните мориња. Меѓународната управа за морското дно (ISA) – тело поврзано со ОН – ќе се состане оваа година за да се обиде да ги финализира правилата, а конечното гласање се очекува во 2025 година. Повеќе од 30 земји се за забрана, но земји како Кина се ентузијасти.

мореморско рударствоНорвешкаприрода