Неповторливата Американка уште еднаш докажа дека е една од најдобрите гимнастичари во историјата…
По Олимпијадата во Токио, таа се пензионираше поради проблеми со менталното здравје и не се натпреваруваше две години. Таа се врати пред една година, се пласираше на Олимпијадата во Париз, а потоа по којзнае кој пат со неверојатниот настап го остави светот во неверување.
Американската гимнастичарка Симон Билс стана олимписка шампионка по петти пат во кариерата!
Со импресивен настап, 27-годишната Американка на својата репрезентација и донесе екипен златен медал и стана првата американска гимнастичарка која освоила пет олимписки злата.
Погледнете го нејзиниот маестрален настап:
Пред само една година никој не ни помислуваше дека повторно ќе ја види на големата сцена…
Билс имаше сериозни проблеми со менталното здравје во Токио. Светот беше шокиран кога таа неочекувано се повлече од пет од шест финалиња. Се откажа од тимската конкуренција, повеќебојот, прескок, партер и двовисински разбој. Подоцна, сепак одлучи да настапи во финалето на греда, каде што ја освои бронзата.
Таа подоцна призна дека била кај психотерапевт пред Олимпијадата и дека вознемиреноста настанала кога пристигнала во Токио, делумно поради ограничувањата за коронавирусот што ги спречувале семејствата и навивачите да присуствуваат на игрите.
Да потсетиме, Симоне е една од гимнастичарите која беше жртва на сексуална злоупотреба од страна на поранешниот доктор на американскиот гимнастички тим, Лери Насар.
Монструм беше осуден на 175 години затвор, а на неговото судење тој призна дека сексуално злоставувал спортистки во неговата клиника на Универзитетот во Мичиген, а исто така се изјасни за виновен за поседување детска порнографија.