Три тела, на неидентификувани лица, се пронајдени по пожар во семејна куќа во Сараево, потврди денеска портпаролката на Обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ.
Од Обвинителството велат дека повеќе детали ќе се знаат по завршување на истрагата и утврдување на околностите под кои настанал случајот. Оттаму додаваат дека бидејќи истрагата е во тек, идентитетот на жртвите не е познат.
Како што неофицијално дознава Црна-Хроника, се работи за двојно убиство, палење куќа и самоубиство.
Трагедијата се случила во куќата на семејството Чесир.
Семејниот конфликт траеше долго
Според информации, семејниот конфликт меѓу браќата трае веќе подолго време.
Во прашање се браќата Алмир, Муамер и неговата сопруга Емира со која Муамер се ожени пред две години. Според се уште непотврдени информации, Алмир го убил својот брат Муамер, неговата снаа, ја запалил семејната куќа, а потоа се самоубил.
Алмир на својот Фејсбук профил пред 12 дена објави дека може да се случи трагедија во нивното семејство.
Господи, побрзај го моето доаѓање кај тебе бидејќи нема ништо добро на овој свет“, напиша Алмир на Фејсбук, пренесува Блиц.
По истрагата ќе бидат познати повеќе информации, пренесува Српскаинфо.