Ги чисти белите дробови и помага при кашлица кај пушачите! Овој пијалок е целосно природен и брзо се приготвува

Кашлицата кај пушачот, како и белите дробови полни со слуз, можат да бидат многу иритирачки, а кога нема подобрување и покрај лековите, многу луѓе се свртуваат кон природни решенија. Напитокот од ѓумбир е природен препарат за кој многумина велат дека помага кај бронхијални заболувања.

Ѓумбирот се користи во традиционалната медицина уште од античко време, а активната состојка на коренот од ѓумбир е гингерол, поради што ѓумбирот има аналгетски својства. Има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство и има силно антибактериско дејство.

Природниот препарат што помага во чистење на бронхиите е лесен за подготовка, а потребни се само 4 состојки.

Состојки:

  • лажица јаболков оцет
  • мало парче свеж корен од ѓумбир 
  • лажица кокосово масло
  • лажичка мед

Подготовка:

Исечете го ѓумбирот на парчиња и ставете го во чаша вода. Сварете го пијалокот и оставете го малку да се олади, потоа додадете кокосово масло, јаболков оцет и мед. Пијте ја оваа количина одеднаш.