Напитокот од ѓумбир успешно ја намалува надуеноста и ги чисти цревата.
Надуеност после јадење и чувство дека храната останува во стомакот „како камен“, чувство на тежина по обилните оброци, горушица, мачнина или запек се само дел од бројните симптоми на луѓето кои страдаат од дигестивни проблеми.
За среќа, постои пијалок кој го регулира варењето , го промовира исфрлањето на токсините и вишокот течности од телото и го намалува надуеноста.
Состојки:
- 1 литар вода
- корен од ѓумбир (околу 4-5 см)
- 5 ловорови листови
- 2 црвени грејпфрути
- 1 лимон
- 1 лимета
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот, па исечкајте го на помали парчиња и ставете го во вода. Додадете ловоров лист и оставете да зоврие, а потоа варете 7-8 минути.
Тргнете ја течноста од оган, оставете ја да се излади на собна температура, а потоа додадете свежо исцеден сок од лимон, лимета и грејпфрут. Ако немате лимета, додадете сок од два лимона.
Ќе добиете малку повеќе од еден литар пијалок кој можете да го пиете во текот на денот. По извесно време ќе почувствувате дека надуеноста е намалена и дека „тежината“ во стомакот ја нема.