ГИ ЧУВАВ ДЕЦАТА НА ПОЗНАТА ГЛУМИЦА: Она што сите го правиме цел живот беше СТРОГО ЗАБРАНЕТО, не смеев ни да помислам на тоа

Не е тајна дека повеќето познати личности имаат армија вработени кои работат за нив речиси цело време. Од стилисти и шминкери до домашен персонал и бејбиситерки – ѕвездите секогаш имаат некој околу себе кој ќе заврши се што е потребно.

А кога станува збор за чување деца, една дадилка откри како изгледа со актерката Шарлиз Терон .

Таа истакна дека за време на ангажманот ѝ било строго забрането да остварува контакт со очите со Шарлиз.

Според поранешната дадилка, актерката воопшто не сакала да комуницира со персоналот.

„Не ми беше дозволено да разговарам со неа, ниту пак да ја гледам “, рече дадилката.

Во исто време, наместо директно да разговара со Терон за нешто, дадилката морала да го запише она што сака да и го каже и да го остави како порака, пишува TheThings.com.

Како што пренесува GreenHouseStaffing, оваа дадилка изјавила дека сето тоа било многу чудно.

Таа нејзина исповед го наметна прашањето како на прво место се функционирало во однос на грижата за децата, ако дадилката не смеела ништо да ја праша нивната мајка, дури ни да ја погледне.

Во меѓувреме, Шарлиз изјави дека еден период немала дадилка, но дека буквално сите од семејството и пријателите и помогнале за да може да изгради кариера додека ги воспитува децата. Посебно истакна дека и е благодарна на својата мајка која редовно готвела за нејзините внуци.