ГЛАВНА ВЕСТ ВО ПРИШТИНА Курти ги потврди зборовите на Вучиќ: Моите претходници потпишаа, мора да формираме ЗСО!

Премиерот на Приштина Аљбин Курти синоќа по трилатералните разговори во Охрид изјави дека Србија „бега од потпишување на договорот“, пренесува Коха.

Курти рече дека постои јавен договор меѓу партиите.

„Дојдовме во Охрид да го потпишеме основниот договор со анекс за имплементација. Постигнавме јавен договор за анексот кој ќе го води спроведувањето на основниот договор“, рече Курти, тврдејќи дека другата страна, „како на последната средба во Брисел на 27 февруари, бега од потпишување, сега со анекс“.

Курти призна дека ќе формира ЗСО: Моите претходници потпишаа, договорите мора да се спроведат, главна вест утрово во Приштина,што уште еднаш ги потврдува зборовите на претседателот Вучиќ