Свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, привлече внимание појавувајќи се во тесен, долг црн фустан од чипка на 82-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција.
Ова беше и првото јавно појавување на Џорџина Родригез откако ја објави свршувачката со Кристијано Роналдо. За црвениот тепих, таа избра долг црн фустан од чипка кој дополнително ги истакна нејзините облини. Својот стајлинг го надополни со црни сандали на потпетици, додека дијамантскиот ѓердан и прстените дополнително го нагласија нејзиниот изглед.
Голем дијамантски прстен привлече посебно внимание, а 31-годишната манекенка носеше и неколку други дијамантски прстени кои го надополнуваа нејзиниот гламурозен изглед.
Косата ја носеше лабава, делумно собрана во плетенки, додека шминката ѝ беше дискретна и во согласност со нејзината облека.
Според странските медиуми, Џорџина пристигнала во Венеција во саботата и ги поздравила присутните надвор од аеродромот насмеана и расположена. За таа пригода, таа избрала сива свилена комбинација со точки, црни штикли и очила за сонце.
Инаку, Роналдо и Џорџина се во врска од 2016 година, но дури сега одлучија да го направат големиот чекор и да се венчаат, чии детали сè уште не се објавени.
Заедно имаат две ќерки, Алана (8) и Бела (2), додека Роналдо го има и 14-годишниот Кристијано Џуниор, а идентитетот на неговата биолошка мајка сè уште не е откриен.
Покрај тоа, тие ги имаат близнаците Матео и Ева (7), кои се родени од сурогат мајка.