ГЛАСИНИТЕ СТАНУВААТ СЕ ПОГЛАСНИ – Во Кремљ за ова сериозно се зборува: Се подготвува ли инвазија на Сувалки ?!

Се повеќе се шпекулира дека руските сили би можеле да се подготвуваат да го заземат коридорот Сувалки, тесен појас на земја што ги поврзува руската енклава Калининград и Белорусија, пишува познатиот руски политиколог Јуриј Федоров ексклузивно за Novaja Gazetа, независен руски опозициски весник.

Пред околу еден месец, за ова зборуваше Андреј Картаполов, руски пратеник во Државната Дума (Собрание) и поранешен заменик-министер за одбрана, кој изјави дека трансферот на платеници од грушата Вагнер во Белорусија е „суптилен потег“ во режија на Владимир Путин, чија крајна целта е да се окупира коридорот Сувалки кој граничи со Полска и Литванија.

Андреј Картаполов во својот напис во Novaja Gazetа наведува дека не е сам во мислите. Наводно, во руските воени кругови веќе неколку месеци се разговара за тоа како да се брани Калининград и дали е воопшто можна нејзина одбрана.

Иако двете соседни земји не покажуваат знаци дека сакаат да го окупираат овој дел, овие влади неизбежно веќе размислуваа како би можеле да реагираат во случај на колапс на Русија.

Во март, каналот на социјалната мрежа Телеграм со име Secrets of the Kremlin (Тајните на Кремљ) објави непроверени тврдења дека поради жртви во Украина, бројот на руски војници стационирани во Калининград е намален за околу половина. Истиот канал во мај објави дека бројот на борбено подготвени единици во оваа отсечена руска област „значително се намалил“, коментирајќи дека – „сите со борбено искуство се испратени во Украина“.

Во исто време, почнаа гласини за развој на две воени сценарија за воспоставување копнен коридор меѓу Белорусија и Калининград преку Литванија или Полска, кои вклучуваат напад на границата и трансфер на воена опрема од Белорусија.

Само неколку дена пред бунтот на Вагнер во јуни, истиот канал на социјалната мрежа Телеграм откри дека меѓу претставниците на Москва кружи извештај од група воени, економски и политички експерти, пишува споменатиот весник. Во документот се наведени потенцијалните потези во случај на успешна контраофанзива од страна на украинските вооружени сили.

Пред сè, Абхазија, непризнаен отцепен регион на Грузија, кој Москва го поддржува од раните 1990-ти години, може да биде прогласена за дел од Русија, што би ја проширило руската територија и би создало впечаток кај гласачите дека Русите навистина „не ги оставаат своите“. Овој потег, исто така, ќе обезбеди нова домашна туристичка дестинација за официјалните лица и службениците сега кога Крим стана премногу опасен.

Второ, руските трупи би можеле да се вратат во Нагорно-Карабах. Според весникот, ова е идеја до која би можел да дојде само генерал бидејќи ја доведува Русија во неволја со Азербејџан и Турција, создава сериозни проблеми со воените бази во сирискиот Хмејмим и Тартус. И што е најлошо, тоа може да биде почеток на отворањето на „вториот фронт“, што веќе се слушна од руската страна.

Сувалки

Постои и трета опција. А тоа е да ја принуди Белорусија да воспостави коридор до Калининград преку таканаречениот Сувалки јаз, долж полско-литванската граница. Одговорните за идејата дури го зедоа предвид фактот дека овие две земји се членки на НАТО и дека инвазијата на нивната територија може да доведе до војна со НАТО. Но, според авторите на наводниот извештај, доколку пробивот биде брз и одлучувачки, НАТО едноставно нема да има доволно време да реагира, а кога ќе се воспостави коридорот, ќе биде предоцна – „Историјата ја пишуваат победниците“.

Како што пишуваат руските медиуми, се чини дека планот за поврзување на Калининград и Белорусија со копнен мост е веќе подолго време на ум на руското воено раководство, иако тој доби важност по бунтот на Вагнер на 23. и 24. јуни.

Меѓутоа, прашањето е дали има изгледи да се имплементира ? Јуриј Федоров смета дека прераспоредувањето на платениците од групата на Вагнер во Белорусија по неуспешниот бунт во јуни доведе до нова политичка клима во земјата меѓу некои од нејзините соседи. „До крајот на јули, Белорусија беше домаќин на околу 5.000 добро обучени борци кои не беа целосно под контрола на нејзината Влада. До 8. август, според украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, тој број достигна 6.500“, пишува Јуриј Федоров.

Александар Лукашенко и неговиот внатрешен круг неизбежно се загрижени за потенцијалот на оваа сила да интервенира во внатрешните работи на земјата, или по наредба од Москва или од Евгениј ПригожинМинск, исто така, треба да биде длабоко загрижен поради можноста Белорусија ненамерно да биде вовлечена во војната во Украина.

Александар Лукашенко

Можно е коментарот на Александар Лукашенко дека е „уморен од борците на Вагнер кои сакаат да одат на Запад“ се однесува на оваа загриженост. Истото важи и за написите кои стратешки се објавуваат од време на време за платеници кои се враќаат во Русија од Белорусија. Последниот извештај од ваков вид беше објавен на 8. август, повикувајќи се на Институтот за проучување на војната, но следниот ден беше демантиран.

Силата на Вагнер во Белорусија и нивниот потенцијал не треба да се потцени, според Јуриј Федоров, бидејќи 6.500 борци ќе бидат доволни за формирање на 12-13 баталјони или две бригади со моторизирана пушка. Во однос на борбениот потенцијал тие се еднакви на белоруските копнени војници од 11.700, но со оглед на разликите во обуката, не е сигурно кој би победил доколку Вагнер излезе на улица.

Најкраткото растојание по воздушен пат помеѓу Белорусија и Калининград е околу 65 километри. Со оглед на тоа дека реално би се движеле по патот, растојанието би било 100 километри, без отпор – два и пол часа. Сепак, очигледно е дека ќе има отпор, а тој ќе биде значаен. Полските трупи ќе ѝ помогнат на нивниот сојузник во НАТО, Литванија, и со 58.000 луѓе опремени со околу 650 тенкови и 1.500 оклопни борбени возила, на Вагнер ќе му биде подобро дури и да не се обиде да го окупира коридорот Сувалки, тврди Јуриј Федоров.

Тогаш зошто руските генерали воопшто почнаа да зборуваат за воспоставување копнен коридор од Белорусија до Калининград ? Единственото објаснување, смета тој, е дека разговорот за окупирање на коридорот Сувалки го одвлекува вниманието од нешто друго, нешто значајно.

Најверојатно, коридорот не бил задачата што Москва им ја доделила на единиците на Вагнер во Белорусија. Многу поверојатна цел е да се испратат диверзантски групи да ги кренат возовите кои доставуваат воена помош за Украина и да го уништат аеродромот Жешов во Полска, кој долго време беше трн во окото на руското воено раководство“, заклучува Јуриј Федоров.

војнаКалининградРусијаСувалкиУкраина