ГЛЕДАЊЕТО НА НАТПРЕВАРОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ХОРОР! ТРОЈЦА НАВИВАЧИ ИЗБОДЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Напаѓачот се заканувал и бркал со нож, па ја нападнал полицијата

Наместо мирно да се следи натпреварот Германија – Шкотска во Мајнхајм, се случил немил настан бидејќи тројца навивачи биле избодени со нож.

Според полицијата, сторител на ова кривично дело бил „јужен тип“, кој и претходно им се заканувал на луѓето со нож.

Напаѓачот замавнал со нож, а потоа влегол во дворот каде се гледал натпреварот и почнал да ги боде навивачите. Несреќните луѓе не знаеле што ги погодило, панично избегале, а подоцна било откриено дека напаѓачот веќе убил еден човек на друга локација.

Полицијата пристигнала на местото на настанот, но напаѓачот ги нападнал и полицајците, а портпаролката на полицијата за БИЛД изјавила дека било употребено и огнено оружје.