Глувче во оброк предизвика вонредно слетување на лет од Осло до Малага

Авиокомпанијата Скандинавија Ерлајнс беше принудена да слета еден од своите летови поради бизарен инцидент – глувче што излегло од оброк на патник. Летот од Осло до Малага морал да се пренасочи и да слета во Копенхаген поради безбедносниот ризик што го претставувало глувчето, објави портпаролот на авиокомпанијата Ојштајн Шмит.

Глувчето скокнало од кутијата со храна на еден од патниците, што било забележано од жена која седела до него. Иако ситуацијата можела да биде стресна, патниците го прифатиле инцидентот со насмевка, изјави сведокот Јарле Борестад за Би-би-си.