Реакцијата на Килијан Мбапе на новинарско прашање по поразот од Борусија го обиколи светот.
Французинот заедно со соиграчите од ПСЖ беше запрен во полуфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи германскиот тим оствари две победи со резултат 1:0.
Мбапе, кој веќе ги известил челниците на клубот дека нема да остане во Париз, веќе се согласил да се пресели во Реал Мадрид, а еден од новинарите по натпреварот постави прашање кое не му се допадна на брзоногиот фудбалер.
„За кого ќе навивате во второто полуфинале, Реал или Баерн? “, праша новинарот.
Реакцијата на фудбалерот доволно говори за тоа што мисли за прашањето што го доби: