Годинава се поднесени повеќе од 20.000 барања за бугарски пасош по основ на потекло

Документи за стекнување бугарско државјанство по основ на потекло годинава поднеле вкупно 20.817 странци, соопшти бугарскиот министерот за правда Атанас Славов во одговор на пратеничко прашање. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија.

Најголем број барања поднеле турски државјани (5.935), потоа, на второ место се барањата за државјанство од Украина (3.141), каде што има голема бугарска дијаспора. Следуваат барања за државјанство од Албанија (2.992), Северна Македонија (2.990), Русија – 2.261, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361 и само четири барања од државјани на Косово. Најголем дел од овие барања се заведени под графата дека апликантите имаат бугарско потекло.

Во изминативе години имаше намален интерес за бугарски пасоши: во 2020 имало 9.639, во 2021 – 15.809, а во 2022 – 16.711.

Сите кандидати за бугарски пасош треба да поминат низ безбедносна проверка на министерството за внатрешни работи и тајната служба.

Според она што се знае, за последниве 15 години околу 120.000 македонски граѓани добиле бугарски пасоши.