Видео од Хвар во кое еден постар маж танцува живо ги освои срцата на бројни корисници на TikTok и докажа дека годините се всушност само бројка.
Бендот во кафулето ја изведе песната „Пусти, пусти моду“ од Здравко Чолиќ, а тој ги зарази сите со својата весела енергија. Во еден момент, му се придружи едно девојче кое стоеше во близина.
„Има 83 години и танцува како никој да не гледа“, се вели во описот на видеото.
Видеото досега е прегледано речиси 150.000 пати и има околу 20.000 лајкови.
Многумина имаа само пофални зборови за овој 83-годишник. Како што е наведено во коментарите, неговото име е Тонко и одамна е познат по своите танцови движења.
„Дедово има повеќе енергија од 90 проценти од младите луѓе. Браво, само уживај“, „Познат танчер од Хвар“, „Еден живот“, „Каква икона е ова“, „Легенда! Каква генерација идиоти, само мобилен телефон и снимање на концерти. Ниту два проценти не уживаат во моментот“, се некои од коментарите на TikTok.