Седум осомничени поддржувачи на терористичката организација Исламска држава се уапсени во неколку германски покраини, соопшти во средата наутро Федералното јавно обвинителство, објави медиусмката агенција dpa.
Истрагата се однесува на финансирањето на Исламската држава, се вели во соопштението до јавноста. Ова претходно го објавија локалниот берлински весник BZ и таблоидот Bild.
Четири лица се уапсени во Северна Рајна-Вестфалија, а по едно лице во Баден-Виртемберг, Рајнланд-Пфалц и Бремен, соопштил обвинителот.
Обвинителите ги обвинуваат уапсените мажи и жени, од кои повеќето се германски државјани, за поддршка на терористичка организација.
Покрај тоа, рации биле извршени во средата наутро во Берлин, Баварија, Бремен, Баден-Виртемберг, Хамбург, Хесен, Тирингија, Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија, соопштиле тамошните власти за медиумите.