Во тек е голема акција на Министерството за внатрешни работи која се спроведува на повеќе локации низ Македонија.
Според инфорамациите со кои располагале, на повеќе локации низ Македонија се вршат интензивни претреси, а во рамките на акцијата се уапсени повеќе лица. Станува збор за поголема група составена од најмалку пет лица со богато криминално досие.
Акцијата се спроведува во повеќе градови во Македонија. Во рамки на акцијата падна и полициски службеник кој на членовите на групата им доставувал информации или т.н. службена тајна дека полицијата оперативно ја “работи”, односно го следи работењето на групата. Кај приведеното полициско лице се пронајдени големо количество докази и материјали дека во подолг временски период се бавел со оддавање оперативно податоци.
Министерството за внатрешни работи на овој случај работел повеќе месеци, а на лице место при извршениот претрес се пронајдени колеми количества на кокаин, марихуана и амфетамин. Добро упатените извори велат дека е ова една од најголемите акции на МВР и делот за организиран криминал која е спроведена надвор од Скопје.
Во текот на денот, а најдоцна утре се очекуваат да бидат објавени сите детали за акцијата.
Како што неофицијално се дознава, не станува збор за кланот Грчец кој беше цел на организиран напад пред неколку месеци во Шиша бар во Скопје. Во конкретниот случај, станува збор за друга група која во последно време била во голем налет.