“НЕ ЈА ПОДДРЖУВАМЕ ИДЕЈАТА ЗА ‘ГОЛЕМА АЛБАНИЈА’!“ – Нов жесток удар врз Албин Курти од неговите ‘пријатели’ – амбасадорот на САД во Приштина со јасна порака по настаните во Тетово

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Косово, Џефри Ховениер, говорејќи за посетата на Албин Курти на Македонија, истакна дека САД не ја поддржуваат ниту „Голема Албанија“ ниту „Голема Србија“, објавија косовските медиуми.

Џефри Ховениер вели дека видел коментари во кои постои загриженост за идејата за „Голема Албанија“ и по посетата на Албин Курти на Македонија, каде овој проект беше промовиран на политичкиот митинг во Тетово каде што се вееа знамиња и покажуваа симболи, а тоа предизвика бурни реакции не само во нашата држава, туку и на целиот Балкан.

Посета на Албин Курти на Тетово, Македонија

Соединетите Американски Држави не поддржуваат ‘Голема Албанија‘ или ‘Голема Србија‘, ниту пак прекројување на државните граници во балканскиот регион. Секој обид да се направи тоа би бил контрапродуктивен и дестабилизирачки. САД силно го поддржуваат територијалниот интегритет на сите земји од Западен Балкан, вклучително и Косово“, изјавил Џефри Ховениер.

Албин КуртиКосовоМакедонијаполитикаСАДТетовоЏефри Ховениер