Очајната сезона на Баерн Минхен во Лигата на шампионите и среќната титула во Бундеслигата најави тектонски промени во тимот од Минхен.
Првата и основна ставка на германскиот гигант е да донесе центарфор, класична деветка која очигледно недостасува по заминувањето на Роберт Левандовски.
Според германските медиуми, Баерн Минхен имал неколку мети. Меѓу нив бил и Хари Кејн, но Англичанецот децидно ја одбил понудата.
Затоа, Србинот Душан Влаховиќ сега е прв пик на овој клуб. Според италијанските медиуми, Јувентус и Баерн Минхен отвориле преговори околу трансферот на 23-годишниот српски репрезентативец.
Баварците испратиле понуда од 50 милиони евра, но Јувентус категорично ја одбил.
Баерн Минхен тогаш испратил нова понуда зголемена за 10 милиони, но ниту 60 милиони не се доволни за „Старата дама“. Клубот од Торино бара 90 милиони евра и не е подготвен да преговара за помалку.
Душан Влаховиќ пред година и пол пристигна во Јувентус од Фиорентина за 82 милиони, па Јувентус сака да ја врати инвестицијата, но и да заработи нешто „ситно“.
На овој трансфер му помага и тоа што Јувентус следната година нема да игра во Лигата на шампионите, па ќе мора да ги намали финансиите.