Српската армија ја изведува заедничката тактичка вежба „Огнен удар 2024“ на полигонот „Пасуљанска ливада“.
Се вежба извршување на борбени дејствија со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана.
Општите цели на вежбата се подобрување на способноста за собирање и дистрибуција на разузнавачки податоци, зголемување на ефикасноста на огнената поддршка на современото бојно поле и проверка на функционалноста на организацијата и единиците на армијата.
Во вежбата учествуваат единици на копнената армија, воздухопловство, противвоздушна одбрана, сили за специјални операции и контраелектронско војување и експерти од Воено-техничкиот институт, јавува Нова.рс.
Беа ангажирани околу 1.500 војници и повеќе од 300 борбени средства, вклучително и оние кои се во процес на модернизација, развој и тестирање.
Вежбата ќе трае две недели. Врз основа на вежбата ќе се утврдат ограничувањата и потребите за развој на нови тактички принципи, ќе се проверува можноста за заштита и одбрана од напади од воздушен простор и ќе се утврдат потребите за развој на нови софтверски и хардверски решенија.