ГОЛЕМА ИЗМАМА !? Тужба против најпознатиот производител на кафе во светот: “Ги лажат луѓето со лажни тврдења за кафето!“

Французите се прилично лути на популарниот производител на кафе Nespresso, кој деновиве го изнесоа на суд – имено, се жалат дека имаат лажни „зелени“ тврдења на пакувањето на нивните популарни капсули за кафе за да ги измамат потрошувачите.

Целата приказна ја води втората по големина асоцијација за заштита на потрошувачите во Франција, CLCV, која смета дека две од тврдењата на Nespresso се проблематични – дека нивните капсули се целосно рециклирани и дека претставуваат 100 проценти јаглеродно неутрален производ.

Со оглед на проблемите што ги има јавниот систем за рециклирање со третманот на алуминиумот, како и ограничениот дофат на приватниот систем за рециклирање воведен од Nespresso, сметаме дека е неточно тврдењето дека капсулите се целосно рециклирани. Исто така, веруваме дека таквите тврдењата се погрешни за потрошувачите во однос на разликата помеѓу теоретските можности за рециклирање на алуминиум и вистинската стапка на успех, која се јавува на ниво од 48 проценти“, објаснува CLCV, додавајќи дека тие исто така го земаат предвид тврдењето на компанијата дека нивното кафе има 100 проценти неутрален јаглероден отпечаток.

Јаглеродниот отпечаток создаден од производството на кафе е многу висок и не може да се поништи. Не е научно неосновано да се тврди дека кафето нема јаглероден отпечаток“, велат тие.

кафеФранција