Многу традиционални пекари во Германија згаснаа една по друга во последните неколку години.
Причините за затворањето се различни, но водечки се пандемијата со вирусот Ковид-19 и зголемените трошоци за енергија кои затворија многу помали но и поголеми компании ширум светот, а голем проблем е и недостигот на кадар.
Најновата вест доаѓа од пекарата „Хајман“. По цели 18 години, за многумина саканата пекара, ги затвори сите свои филијали во Баварија.
Компанијата поднела барање за стечај во пролетта 2023 година и сега сите филијали се затворени.
Во последната објава на социјалните мрежи, пекарата „Хајман“ со потресни зборови им се обрати на клиентите и на вработените.
„Би сакале да им се заблагодариме на нашите клиенти за нивната лојалност и убавите зборови неодамна. Многу нè боли што мораме да ги затвориме пекарите“, напишале од компанијата во објава на социјалните мрежи.
Стечајот односно затварањето тешко им паднало и на вработените кои заедно плакале последниот работен ден.
Пекарата „Хајман“ имала седиште во Редентал и филијали низ целата земја.
Последниот работен ден на пекарата бил 22. април 2023 година. Компанијата последен пат објави на социјалните мрежи еден ден претходно. Оттогаш вратите на традиционалната пекара се затворени.
Неколку трговски синџири претходно исто така поднесоа барање за стечај во последниве месеци, вклучително и два гиганти во индустријата за обувки. Компаниите ги обвинија последиците од пандемијата со смртоносниот вирус и опаѓањето на расположението на потрошувачите.