ГОЛЕМА НЕСРЕЌА – Српски автобус со 55 патници меѓу кои и деца се преврте во Унгарија

Автобус со српски регистерски таблички во саботата рано наутро паднал во канал меѓу Кишкунхалаш и Пирт во Унгарија. Во возилото патувале 55 лица, двајца возачи, а меѓу сопатниците имало и две деца.

Дванаесет лица се префрлени во болница, соопшти полицискиот штаб на областа БачКишкун, пренесе веб-сајтот Police.hu. Останатите патници биле пренесени во Домот на месната заедница во Кишкунхалаш, каде го чекале автобусот за помош кој дошол да ги земе од Србија.

Несреќата се случила околу 3 часот и 30 минути, а туристичкиот автобус бил на пат кон Будимпешта. Патниците кои не се повредени од Итната помош и полицијата биле пренесени на привремено сместување.

Ненад Челиќ, преставник на превозникот од Сомбор, изјави дека меѓу патниците нема посериозно повредени, во болницата во Кишунхалаш биле прегледани 15 патници и сите се оздравени, а две жени и еден возач останале во болница на опсервација во следните два дена.

Автобусот, додава тој, поминал на технички преглед, бил регистриран пред еден месец и бил целосно исправен.

Според него, камион од спротивната страна преминал на лентатат по која сообраќал автобусот и возачот за да го избегне морал да ја зафати банкината од десната страна.

Тој едноставно ја изгуби контролата и не можеше тоа да го исправи, толку многу што се преврте на спротивната страна“, изјави Челиќ.

Најголем дел од патниците, додава тој, го продолжиле патувањето до Будимпешта, каде што пристигнале со друг автобус, а десет патници се вратиле во Србија.

автобуснесреќаСрбијаУнгарија