Полицијата во Лондон во Велика Британија, денес започна итна потера по осомничен терорист кој побегнал од затвор, пишува Daily Mail.
Даниел Абед Калиф бил пријавен во полиција откако утрово околу 07:50 часот по локално време, а побегнал од затворот „Вандсворт“.
Според британските медиуми, полицијата соопштила дека Даниел Абед Калиф е во притвор и го чека судењето за поврзаност со тероризам и кривично кршење на Законот за службени тајни.
Даниел Абед Калиф последен пат бил виден облечен во бела маица, црвено-бели карирани панталони и кафени чизми. Има тенка градба, кратка кафена коса и е висок околу 185 cm. Се верува дека бегалецот има врски со областа Кингстон и се верува дека останал во областа на градот Лондон.
На луѓето им се препорачува да се држат настрана од Даниел Абед Калиф и веднаш да се јават на 999.
Медиумите пишуваат дека секоја информација што би можела да помогне да се лоцира бегалецот – дури и ако не се однесуваат на живи видувања – се корисни.
Командантот Доминик Марфи, прв човек на антитерористичката команда во Лондон, изјавил за тамошните медиуми:
„Имаме тим офицери кои спроведуваат опсежни и итни истраги за да го лоцираат и приведат Даниел Абед Калиф што е можно поскоро“.
Тој додал дека јавноста може да помогне доколку го види или има некаква информација за тоа каде се наоѓа.
„Ве молиме јавете се веднаш на 999. Исто така, сакам да ја уверам јавноста дека немаме информации да сугерираме, ниту пак причина да веруваме дека Даниел Абед Калиф претставува закана за пошироката јавност“, додал тој.