Веројатноста дека ќе биде извршен терористички напад во Холандија е зголемена во последните неколку месеци, соопшти тамошната антитерористичка агенција.
Агенцијата го подигна нивото на закана за првпат од 2019 година.
Националниот координатор за борба против тероризмот и безбедност во соопштението велу дека нивото на закана во земјата е подигнато на четврт степен, или „значајно“ на скала од пет чекори.
Како објаснување беше посочен конфликтот меѓу Израел и Хамас што владее на Блискиот Исток.
„Организациите како Исламска Држава и Ал-Каеда ја користат војната во Појасот Газа за да ги охрабрат своите симпатизери да извршат напади на Запад“, објави антитерористичката агенцијата.
Во соопштението се посочуваат нападите и апсењата во Франција, Германија, Белгија и Велика Британија од почетокот на октомври како илустрација за ризикот од радикализирани поединци кои се инспирирани од актуелните настани и терористичките организации.