Голема тага во Мјанмар: Се урна градинка, извлечени телата на 12 деца! Се стравува дека во зградата имало 50 луѓе, се намалуваат шансите за преживување (ВИДЕО)

Меѓу зградите што се урнаа во Кјауксе, во регионот Мандалај, има и детска градинка, соопштија спасувачите.

Во урнатините утринава се пронајдени тела на 12 деца и една учителка, а неколку луѓе се уште се закопани.

Шансите за преживување се помали со текот на времето.

Според непотврдени информации, во моментот на уривањето во зградата имало околу 50 деца и шест наставници.

„Имаме приближен број на луѓе кои беа во училиштето, но имаме само список на оние кои беа евакуирани. Досега пронајдовме 13 тела“, рече член на спасувачката екипа.

Бројот на загинатите во силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.000 загинати и 2.000 повредени, соопшти владата на земјата.

Во силниот земјотрес што го потресе Мјанмар можеби загинаа повеќе од 10.000 луѓе.

Ова е оценката на некои американски претставници, како што пренесува Си-Ен-Ен. Проценката е во согласност со проценката на експертите кои користат модели од Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS).