‘ГОЛЕМА ТАЈНА’ – Мистериозно кинеско летало се врати на Земјата по 276 дена во орбитата: Никој нема поим како изгледа и која била неговата мисија !?

Експериментално кинеско летало се врати на Земјата во понеделникот, откако беше во орбитата 276 дена, објавија кинеските државни медиуми, завршувајќи ја мисијата за тестирање на вселенските технологии за повеќекратна употреба во земјата.

Вселенското летало без екипаж се врати во центарот за лансирање Џиукван во северозападна Кина во понеделникот како што беше планирано, објавуваат кинеските државни медиуми.

Не беа онјавени детали за кое вселенско летало се работи, какви технологии биле тестирани, колку високо летало и каде го однела неговата орбита од лансирањето на почетокот на август 2022 година.

Фотографиите на леталото, исто така, допрва треба да бидат објавени во јавноста.

Тестот означува „важен“ напредок во истражувањето на Кина за технологијата за повеќекратно користење на вселенските летала што ќе обезбеди поудобен и поевтин начин за испраќање идни вселенски мисии, објавија кинеските државни медиуми.

Во 2021 година, нешто, што можеби беше слично вселенско летало, полета до работ на вселената и се врати на Земјата истиот ден во мисија која исто така во голема мера беше чувана во тајност.

Тоа летало слетало на Земјата „хоризонтално“, според информациите од главниот кинески изведувач во тоа време.

Коментаторите на кинеските социјални мрежи шпекулираат дека Пекинг развива вселенско летало како H-37B слично на американските воздухопловни сили, автономен вселенски авион кој може да остане во орбитата со години.

Беспилотниот и повторно се врати на Земјата минатиот ноември на својата шеста мисија, по повеќе од 900 дена во орбитата.

ВселенаЗемјаКинатест