Руската актерка Камила Биелјацкаја (24) загина во чудна несреќа, паѓајќи во океанот додека вежбала јога на карпа во Тајланд.
Актерката е фотографирана како седи на јога душек на карпа и гледа над Тајландскиот залив. Неколку секунди подоцна била фрлена во разбрануваното море, однесена од голем бран.
Тоа се случи само неколку дена пред нејзината планирана венчавка со нејзиното момче, кое е помладо пет години.
Шокантна снимка покажува како актерката се бори и ја напаѓаат морските струи. Камила е од Новосибирск, како турист со своето момче го посетувала вториот по големина остров на Тајланд.
Нејзиното тело беше пронајдено за време на викендот, на еден километар од местото каде што ја однесе бран. Претходно таа со своите следбеници на социјалните мрежи сподели дека го сака ова место и како често се враќа на него при нејзините посети на островот, кој го нарече „дом“ и „најдоброто место на светот“.