Повеќе од 20 луѓе загинаа, а десетици се повредени откако автобус падна од надвозник и слета на железничка линија во близина на Венеција.
Досега две тела се извлечени од урнатините по страшната несреќа во Мештре во близина на италијанскиот град Венеција.
-Огромна трагедија вечерва ја снајде нашата заедница. Веднаш прогласив ден на жалост во спомен на многубројните жртви кои беа во паднатиот автобус. Апокалиптична сцена. Немам зборови – изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруниаро.
По трагедијата беше прекината железничката линија меѓу Мештре и Венеција.