Изјавата на италијанската премиерка дојде откако 30 лица исчезнаа во неделата кога бродот со кој патуваа од Либија се преврте поради лошото време.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека нејзината влада се соочила со страшни обвинувања по неколкуте бродоломи со мигранти, но дека нејзината совест е чиста.
Мелони ја даде изјавата откако беше доведена во прашање способноста на Рим да спасува мигранти на море, објави Ројтерс.
Италијанскиот премиер на презентацијата на книгата за папата Франциско во Рим зборуваше за миграцијата и соработката со африканските земји.
Соопштението на италијанскиот премиер дојде откако во неделата исчезнаа 30 лица, кога бродот со кој патуваа од Либија се преврте поради лошите временски услови, а се стравува дека се удавиле, пренесува Танјуг.
Трагедијата следи по бродоломот на 26 февруари, во близина на јужниот регион Калабрија, во кој загинаа најмалку 79 луѓе.