ГОЛЕМА ТРАДИЦИЈА – Штип денес одбележува десет години од впишувањето на обичајот Ч’трсе на листата на УНЕСКО

Штип денеска се одбележаа 10 години јубулеј од впишувањето на обичајот Ч’трсе како прво нематеријално културно наследство на листата на УНЕСКО.

Зоран Малинов од Институтот за фоклор „Марко Цепенков“, кој ја изготвуваше документацијата за впишување на овој обичај на листата на УНЕСКО, вели дека од 2013 година до денеска во континитет се негува брендот, кој е заштитен знак за градот Штип и штипјани, обичајот за Ч’трсе.

Денес сме горди, 10 години славиме јубилеј од впишувањето на првото нематеријално културно наследство од нашата држава кое се најде на листата на УНЕСКО. Не знам колку градот Штип и самите штипјани се свесни за ова што значи да се има тој бренд, како Охрид што го има за културното наследство, Штип го има своето духовно наследство искачувањето на ридот Исар“, вели Малинов.

Велика Стојкова-Серафимовска од Институот за фолклор „Марко Цепенков“ истакна дека Штип ја има привилегијата да биде носител на светско нематеријално добро, а граѓаните знаат како да го негуваат и без учество на институциите.

Вие имате привилегија да бидете еден од градовите кои се носители на светско нематеријално добро, покрај тоа што припаѓа на Штип и на Македонија“, вели Стојкова Серафимовска.

Со искачување до Исарот и посета на црквата, традицијата ја продолжи и првиот човек на град Штип, Иван Јорданов.

Ја продолжуваме традицијата со тоа што традиционално ќе се искачиме на Исарот. Благодарност до професорите кои се имаат лично вложено во аплицирањето и впишувањето на Ч’трсе во УНЕСКО“, додава Јорданов.

Ч’трсе е едно од петте нематеријални културни наследства во земјава, кои се впишани на листата на УНЕСКО

МакедонијапразниктрадицијаУНЕСКОШтип