Купувањето во супермаркетите во Германија не е многу забавно со оглед на високите цени на храната. Жена која пазарела во продавница на Алди во Билефелд објавила фотографија од сметката со коментар: Инаку, во Алди ова беше 29,38 евра.
Енергетската криза, високата инфлација и високите цени на храната предизвикуваат фрустрација и гнев кај многу клиенти.
Оттука, ценовно чувствителните купувачи посветуваат уште повеќе внимание на своите пари кога купуваат во супермаркетите како што се Rewe, Edeka, Aldi и Lidl.
Иако супермаркетите ветуваат намалување на цените, анализата на апликацијата за цени Smhaggle покажува дека попустите во супермаркетите не се секогаш поевтиниот избор, пренесува N1.
Една жена која купувала во продавница на Алди споделила фотографија од нејзината количка на својот Твитер профил и ја открила цената што на крајот ја платила за избраните производи.
„Инаку, ова беше 29,38 евра во Алди“, објави жената на својот Твитер профил.
Купила вкупно единаесет производи. Што купи жената во продавницата на Алди погледнете на фотографијата која ја објави. Најголемиот артикл е едно филе лосос кое чини 10 евра, останатите се претежно зеленчук.
„Се прашувате како можете да платите толку пари за толку малку производи“, напишала жената.
Корисниците на Твитер шокирано коментираа на нејзиниот профил.
„Тоа е ужасно малку храна за релативно голема сума пари“, напишал еден корисник.