Големи гужви на граничните премини, колона долга 11 километри и не и се гледа крајот: Граѓаните чекаат со часови на влезот во Србија

Времето на чекање е подолго и на одредени гранични премини со Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на излез од Хрватска.

На граничниот премин Бајаково  во правец кон Србија се формирала колона возила во должина од околу 11 километри, соопшти Хрватскиот авто клуб (ХАК).

Според хрватските медиуми, граѓаните чекаат ред на граница со часови.

На излезот од Хрватска има и подолги чекања на одредени гранични премини со Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, јави агенцијата Хина.

Како што соопштија претходно денеска хрватските медиуми, викендов се очекуваат големи гужви на сите патишта во Хрватска, особено оние кон морето.