Реал Мадрид ја отвори денешната програма во Ла Лига со победа од 3:1 над Бетис. Бранителот на титулата преживеа лош старт на натпреварот, кој го чинеше гол и речиси уште еден, но потоа Тибо Куртоа се „појави“. По 20. минути тимот на Карло Анчелоти се разбуди и тргна да оди кон нови три бода.
Најпрво во 22. минута израмни Винисиус Јуниор, а по 15. минути Едер Милитао ги доведе „кралевите“ во водство . Победата во третата минута од судиското продолжение ја потврди Марко Асенсио кој доби шанса од клупата на местото на Лука Модриќ во 74. минута.
Иако хрватскиот играч ја напушти играта на средината на вториот дел, одигра одлична партија, која ја препознаа и шпанските медиуми. Во нивната оценка за сите фудбалери, посебно беше пофален Модриќ.
„Тој ја водеше играта на белите по примениот гол. Се гледаше во секој момент и му даваше многу финети на нападот. Тој имаше многу добри настапи помеѓу одбранбената и напаѓачката линија за да се добијат потребните метри и да се поврзе со офанзивата. А по добрата игра Хрватот го напушти Бернабеу со овации“, се наведува во објавата на шпанските спортски медиуми.