ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ЗА ГЕРТ ВИЛДЕРС – Овој човек требаше да ја формира новата Влада на Холандија: Обвинет е за голема проневера, па веднаш поднесе оставка

Преговорите за формирање владина коалиција во Холандија по ненадејната победа на екстремната десница предводена од Герт Вилдерс денес влегоа во ќорсокак уште пред да започнат по оставката на човекот задолжен да ги води.

Гом Ван Стриен, сенаторот од екстремно десничарската партија на Герт Вилдерс, ПВВ, кого Герт Вилдерс го назначи да ги води преговорите, викендов беше обвинет во холандските медиуми за проневера на неговата поранешна фирма.

Гом Ван Стриен

Гом Ван Стриен изјави дека е невин, но дека околностите и времето потребно за одговор на обвиненијата не се компатибилни со задачата што му е доверена.

Затоа ги информирав Герт Вилдерс и претседателот на Парламентот дека поднесувам оставка од мојата функција“, соопштил тој, додавајќи дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.

Гом ван Стриен денес требаше официјално да ја започне мисијата, со средба со самиот Герт Вилдерс, чија партија освои најмногу гласови на изборите на 22. ноември.

Герт Вилдерс веќе се соочува со тешка задача да ги убеди другите партии да соработуваат со него со оглед на неговите радикални ставови против исламот, имиграцијата и Европската унија.

Герт Вилдерс

Иако малку го ублажи тонот во предизборната кампања, партијата на Герт Вилдерс, ПВВ, бара забрана на џамиите, Куранот и носење шамија, како и организирање референдум за напуштање на ЕУ.

Герт ВилдерсГом Ван СтриенполитикаХоландија