Не е секогаш добро кога се среќаваат лидерите на глобалните сили. Во јуни 1961 година, Џон Ф. Кенеди, демократскиот претседател кој штотуку влезе во Белата куќа и советскиот лидер Никита Хрушчов се сретнаа во Виена. Една година подоцна изби кубанската ракетна криза. Во јуни 2021 година, Џо Бајден, демократскиот претседател кој штотуку влезе во Белата куќа и рускиот модерен „цар“ Владимир Путин се сретнаа во Женева. Осум месеци подоцна, Русија ја нападна Украина.
Денес (среда) се среќаваат лидерите на двете најголеми светски економски и воени сили, претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг. Русија има поголем арсенал на нуклеарно оружје, но Народна Република Кина забрзано го зголемува, според доверливи разузнавачки извори. Тие првпат се сретнаа лице в лице како претседатели во ноември минатата година на самитот на Г-20 во Индонезија, а потоа односите се влошија. Затоа е потребна доза на претпазливост пред оваа средба.
Во Бали, двајцата лидери се договорија да ја интензивираат комуникацијата, но кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен требаше да замине во Пекинг на почетокот на годината, се појави веста (!?) за кинески шпионски балони над САД. Ентони Блинкен остана дома, а односите дополнително се влошија. Ликот на новиот кинески министер за одбрана станува нова пречка. Ли Шангфу е под американски санкции затоа што продавал оружје на Русија и не сака да разговара со својот американски колега Лојд Остин, а гневот на Пекинг се уште не стивнува поради посетата во Тајван на поранешната претседателка на Конгресот, моќната Ненси Пелоси. Дополнително, САД воведуваат ограничувања за извозот на чувствителна технологија на полупроводници во Народна Република Кина и ја добиваат Холандија, која произведува машини за производство на полупроводници, на своја страна. Постојаното место на американското изразување кога станува збор за Народна Република Кина е „опасност“, кое потоа Вашингтон под влијание на ЕУ го омекнува во „загрозување“ односно намалување на ризикот.
Кризата кулминира, достигнува кулминација, потсетувајќи на грчката трагедија.
Тогаш на сцена стапува „deus ex machina“, Вилијам Барнс, директор на ЦИА, кој оди во Пекинг на разговори во мај. Неповрзано со неговата посета, новиот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, поранешен амбасадор во САД, исчезна од јавноста во јуни. Иако не се целосно разјаснети причините за неговото отстранување, голема улога одигра неговиот однос во САД, што резултираше со раѓање на негово дете кое има – ужасно неприфатилво во Комунистичката партијата на Кина – американско државјанство.
Кина се соочува со економски тешкотии и многу ја посакува оваа средба, но не смее тоа да го покаже јавно. Ентони Блинкен замина во Пекинг во јуни, а Си Џинпинг го прима, но воздржано, како што покажуваат фотографиите и пораките од кинеските медиуми. Претседателот на Кина подготвува потопло добредојде за поранешниот американски државен секретар во јули односно за како што го нарече неговиот пријател Хенри Кисинџер.
Како што наближуваше есента, стануваше сè појасно дека Си Џинпинг сака средба. Проблемот е што во меѓувреме исчезна и министерот за одбрана Ли Шангфу, кинескиот парламент ги потврди отпуштањата и поради сето ова, плус економијата официјалните лица во Пекинг треба да се погрижат сликата во јавноста на состанокот со Џо Бајден да ја потврди важноста на Си Џинпинг, дека тој се смета за центар на вниманието за време на неговиот престој во Сан Франциско, каде што средбата ќе се одржи на маргините на АПЕК.
The Wall Street Journal пишува дека кинеските власти преку Мајрон Брилијант, деловен консултант со долгогодишно искуство во Народна Република Кина, велат дека Џо Бајден не смее да го „засрами“ Си Џинпинг. Деталите за средбата конечно беа утврдени за време на престојот на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во Вашингтон кон крајот на октомври, за што сведочат американските изјави кои беа без суштина. Бони Глејзер, која е меѓу најдобрите синолози, со искуство во и за администрацијата, изјави за The Wall Street Journal:
„Секогаш кога имаме самит со Кина, се работи за натпревар за да видиме кој е во посилна позиција. Тоа важи и за двете страни“.
The Wall Street Journal дознава дека имало сериозна дискусија за вечерата како услов на состанокот. Кинеската страна побарала Си Џинпинг да биде почесен гостин на банкет на американски бизнис лидери пред да се сретне со Џо Бајден. Белата куќа очекувано одоговир- НЕ. Си Џинпинг мора прво да разговара со Џо Бајден, а потоа со моќните шефови на компаниите. Ако биде прво со бизнисмените, тој може да склучи договор со нив што не го поддржува планот за разговор на Белата куќа, кој не сака конфликт со бизнис заедницата. САД беа посилни, Си Џинпинг прво ќе оди кај Џо Бајден, а потоа на банкет. Пекинг, реално, нема избор бидејќи средбата со американски бизнисмени му е важна, бидејќи странските компании во Народна Република Кина извлекуваат се повеќе профит и не ги реинвестираат во земјата. Да инсистираше прво да биде на банкетот, Џо Бајден можеше да ја одложи средбата, што ќе беше катастрофално во перцепцијата на јавноста откако Пекинг го објави тоа. Бизнисмените тогаш би биле порезервирани.
Најавувајќи го состанокот, кинескиот Global Times ги цитираше кинеските и американските експерти како „внимателно оптимисти“ за очекуваните резултати од состанокот. Тие веруваат дека самитот ќе им помогне на двете страни да добијат пореално разбирање за стратешките намери на едни со други и да спречи разликите да се претворат во конфликти надвор од контрола. Од друга страна, состанокот може да послужи за стабилизирање на билатералните односи на краток рок, бидејќи неизвесноста ќе се зголеми како што САД ќе влезат во изборниот циклус следната година. Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа, објави дека целта е да се одржат отворени канали за комуникација и да се разговара за „бројни регионални и глобални теми“.
На дневен ред ќе биде руската агресија врз Украина, а се очекува дали двајцата претседатели можат да покренат мировна иницијатива на Блискиот Исток.