ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ТУРЦИЈА – Анкара под вода, големи проблеми во сообраќајот

Силно невреме со пороен дожд денеска ја погоди турската престолнина Анкара, по што некои делови од градот се поплавени.

Големите количества вода најмногу проблеми создадоа во квартовите Бешевлер и Сихије. Сообраќајот е во прекин, а улиците и плоштадите се под вода. Градските служби се на терен и ги расчистат одводите.

Невреме со пороен дожд денеска имало во 22 области во северна и централна Турција. Најтешко е погоден турскиот црноморски град Самсун. Поројниот дожд поплави улици, куќи, продавници, канцеларии, сообраќајот се одвива отежнато, има паднати дрва.

Возила се заглавени во вода на автопатот Самсун-Синоп и на автопатот Самсун-Анкара, како и на влезовите и излезите од градот.

АнкараневремеТурција