Тим археолози од музејот Пен пронашле кафана стара 5.000 години со отворена трпезарија и делумна кујна.
Кафаната се наоѓа во јужниот антички ирачки град Лагаш, сега познат како Ал-Хиба. Археолозите откриле дека има клупи, просторија која служела како фрижидер, фурна и остатоци од стара храна.
Директорката за истражување Сара Пицименти од Универзитетот во Пиза предложи тимот наместо да копа директно надолу, да користи поинаков пристап со ископување на областа со хоризонтално копање. Тимот откри дека гостилницата е само 50 см под површината користејќи го овој пристап.
„Откривањето на локација како оваа јавна кафана стара речиси 5.000 години толку блиску до површината е неверојатно“, рече Холи Питман, директорка на Археолошкиот проект Лагаш (LAP) и куратор на Одделот за Блискиот Исток на музејот Пен. „Само прецизно, повеќефазно хоризонтално ископување може да открие што останува.
Лагаш бил еден од најстарите и најголемите градови во Месопотамија околу 3.000 п.н.е. Поради околните мочуришта и плодното земјиште, тој бил главен производствен центар за земјоделство и риболов.
Питман и тим меѓународни истражувачи се вклучени во археолошкиот проект Лагаш веќе четири години.
Од почетокот на истражувањето во 2019 година, археолозите пронајдоа две куќи, патишта, улички, печки и керамика кои останале недопрени илјадници години.
Питман рече дека жителите на Лагаш не биле ниту елити, ниту робови, туку слободни луѓе кои живеат во урбани населби, што е поинаков пристап отколку што претходно мислеа археолозите кога ископуваа такви области.
„Веројатно она што го имаме – а особено во несигурна средина како јужна Месопотамија – е тоа што имате широка група на луѓе што би можеле да ги сметаме за „средна класа“ во текот на третиот милениум“, објасни Питман. „Тие имале слобода на дејствување; тие носеле одлуки. Немале нужно богатство, но биле во голема мера независни и имале мобилност“, пишува Jerusalem Post.