Нигерискиот напаѓач Виктор Осимен денеска беше прогласен за најдобар африкански фудбалер за 2023 година, на церемонијата на Африканската фудбалска конфедерација во Маракеш.
Виктор Осимен минатата сезона со Наполи го освои италијанското првенство и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Тој во трката за ова признание го победи Египјанецот Мохамед Салах, играчот на Ливерпул и мароканскиот дефанзивец од редовите на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими.