Големо фијаско на американската приватна мисија за освојување на Месечината: “За жал, немаме шанси за слетување…“

Американскиот лендер кој требаше да слета на месечината Месечината – „Peregrine Mission-1“ – нема да може да слета на Месечината поради истекување гориво, соопшти компанијата Astrobotic Technology, која стои зад мисијата, а која делумно е поддржана од НАСА.

Astrobotic Technology соопшти дека има доволно гориво во леталото за да го претвори лендерот, така да се каже, во вселенски брод, пренесува BBC.

Компанијата соопшти во вторник во 18 часот дека лендерот ќе остане без гориво за околу 40 часа.

Peregrine, лендер тежок 1,2 тони, тргна кон Месечината во понеделникот и требаше да слета на неа на крајот на февруари.

Поради истекување на гориво, за жал, нема шанси за слетување“, соопшти компанијата на социјалната мрежа Х (Твитер).

Очекуваме дека ќе остане без гориво за приближно 40 часа“, објави подоцна компанијата.

Peregrine се соочи со проблеми неколку часа откако беше лансиран од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида во понеделникот.

Инженерите потоа забележале дека лендерот не може да ги сврти своите соларни панели кон Сонцето. Набрзо било констатирано дека тоа е поради истекување гориво.

НАСА купи простор на лендерот и постави пет инструменти на него за да ја проучува површината на Месечината.

ВселенамесечинаНАСАСАД