Голем пожар во Рим

Голем пожар избувна во областа Монте Марио во Рим, а зградата на јавната служба РАИ, астрономската опсерваторија и уште четири куќи беа евакуирани.

Улиците во областа се затворени, а голема црна колона чад е видлива над градот, пренесува Анса.

Од зградата на астрономската опсерваторија се евакуирани 40 лица, а пожарот се закани и на неколку згради.