Директорот на Центарот со управување со кризи, Стојанче Ангелов потврди дека вечерва избувнал голем пожар на излезот од Штип кон Радовиш. Зпоред неговите зборови пожарот е во близината на штипскиот затвор.
Екипата на порталот Во Центар е на терен и ни испрати екслузивни фотографии и видео од тоа што се случува на лице место. Како што не информираат пожарот е на чекор да го зафати и самиот затвор и сега има индиции дека се размислува во таков случај да дојде до префрлање на затворениците на друга локација.
На терен излегоа припадниците на ТППЕ од Штип или Територијалната против пожарна единица и според индициите мали се шансите пожарот да биде локализиран пред да го зафати и штипскиот затвор.
Доцна вечерва избувна пожар во блзината на патот Штип – Радовиш, зафаќајќи нискостеблеста шума, грмушки и трева, соопшти директорот на ЦУП, Стојанче Ангелов.
Како што информираше тој пожарот се шири на излезот од Штип во близина на затворот. Екипи на штипската територијална противпожарна бригада се на терен и интервенираат на локализирање на огнот.
Пожарот, според информациите на директорот на ЦУК, се шири лево и десно од патот кон селото Драгоево.
Сите жители на селото Драгоево се излезени на патот, во моментот дува силен ветар и се очекува дека ако нешто не се смени пожарот да го зафати и штипскиот затвор. Во затворот се сместени и поголем дел од осудените за настаните на 27 април 2017 година.