Пред две години Кајл Вокер, десниот бек на Манчестер Сити се ожени со Ени Килнер, неговата долгогодишна девојка, но тој брак многу брзо се распадна.
Тешки денови за одличниот фудбалер на европскиот шампион. Кајл Вокер беше принуден да се исели од својот тримилионски замок, изјави неговата се уште сегашна сопруга Ени. Имено, таа го исфрлила од дома, бидејќи десниот бек бил неверен.
-Ова го објавувам како одговор на сите неодамнешни медиумски прашања за мојот брак. После долги години брак и три прекрасни деца, решив да раскинам со Кајл. Не сакам да коментирам повеќе. Засега барам да се почитува приватноста на мене и на нашите три мали деца во овој тежок момент – изјавила Ени.
Инаку, Кајл и Ени беа заедно повеќе од 15 години. Според медиумите во Англија, причина за прекинот во нивниот брак е неверството на десниот бек на Манчестер Сити и на репрезентацијата на оваа земја. Вокер наводно учествувал во оргии со проститутки за време на коронавирусот, а исто така неодамна со непознати девојки.
Тие двајца се венчаа пред две години, но очигледно нивниот брак брзо ќе заврши.