Голи задници и гради на изволте! Жешки кадри на црвениот тепих – познатите убавици грмеа во проѕирни фустани

На трендот на „голи“ фустани кои неколку години доминираа на црвениот тепих му дојде крајот.

Откако со години доминираа на црвените килими, „голите“ фустани станаа нешто толку предвидливо. Поради оваа причина, познатите убавици престанаа да ги избираат за најважните гламурозни настани на црвениот тепих.

Фустанот кој владееше на црвените килими

Шер ќе стане еден од претставниците на овој силен тренд. Таа носеше два речиси невидливи фустани од Боб Меки на Мет Гала во 1974 година и на Оскарите во 1988 година, а тие изгледи се некои од нејзините најнезаборавни јавни настапи.

Години подоцна, ќе се појават уште два иконски „голи“ фустани: 
фустанот Версаче, кој Елизабет Харли  го носеше на премиерата на филмот „Четири свадби и погреб“ и фустанот со тропски дезен, кој Џенифер Лопез го носеше на Греми наградите и тој дизајн стана неверојатен хит.

Голем е бројот на познати убавици кои посегнале по овој тип на фустани во важни пригоди. Една од нив е Бијонсе , во фустан од 2015 година или фустанот во кој Ријана ја освои наградата CFDA Модна икона во 2014 година.

Крајот на „голиот“ фустан

Треската на „голиот“ фустан што ги лула црвените килими и важните настани доведе до тоа дека едноставно стана премногу предвидливо. 

Најдобриот доказ дека ќе се одмориме од трендот беше виден на доделувањето на наградите Златен глобус. За прв пат по неколку години на црвениот тепих немаше „голи“ фустани или барем не доминираа на него. 

Целата модна индустрија е подготвена да се збогува со овие смели фустани.