Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го постигна можеби најлудиот автогол сезонава во Премиер лигата, на мечот меѓу неговата Астон Вила и Ливерпул!
Беше 2-та минута кога Мартинез испушти навидум лесна топка, а потоа, во обид да ги поправи работите, ја фрли со рака зад сопствениот гол.
За Ливерпул овој натпревар е прилично неважен – затоа што ќе останат трети на крајот од сезоната. Сепак, на Астон Вила и’ ,,гориме под нозе“ и ја брка таа четврта позиција што ја носи Лигата на шампионите. Моментално имаат четири бода повеќе од Тотенхем и доколку загубат ќе ги искомплицира работите.