Голманот на Интер со автомобил уби 81-годишен маж во инвалидска количка

Трагични вести пристигнуваат денес од Италија, бидејќи, според неколку извори, вклучувајќи го и „Газета“, вториот голман на Интер, Хозеп Мартинез, бил вклучен во сообраќајна несреќа со смртоносен исход.

Имено, Мартинез возел автомобил во близина на тренинг центарот на Интер „Апијано Џентиле“, во покраината Комо, утрово во 9:40 часот и удрил 81-годишен маж во инвалидска количка.

Во таа прилика, 81-годишниот маж починал на самото место, иако брзата помош пристигнала на местото на настанот многу брзо, како и хеликоптерот што требало да го пренесе старецот во болница.

Според „Газета“, полицијата верува дека постариот маж одеднаш скршнал во лентата по која возел Мартинез.

Голманот на „нероаѕурите“ веднаш застана и му пружи прва помош на човекот, но тој не можеше да биде спасен.

По трагичната вест и во знак на жалост, Интер одлучи да ја откаже прес-конференцијата на тренерот Кристијан Киву, која беше закажана за денес во 14:00 часот.