„Голф“ веќе една година стои паркиран на аеродром: Нема да верувате колку ќе чини сметката за паркинг!

Автомобил „фолксваген голф “ со хановерски регистерски таблички повеќе од една година се наоѓа на паркингот, непосредно пред влезот на зградата на аеродромот во Берлин, пишува Билд , кој пренесува и фотографии .

Колите обично остануваат овде само кратко: само првите десет минути се бесплатни , а за еден час паркирање треба да платите 23 евра.  Со дневен надомест од неверојатни 552 евра, сега се собрани астрономски 200.000 евра за паркирање .

Прашањето е кој е одговорен за оваа сума и зошто автомобилот се уште е на аеродром? Можно објаснување е дека автомобилот е украден.

„ Берлинер цајтунг “ ја праша полицијата во Хановер под чија надлежност е паркираното возило, но одговорноста ја префрлиле на берлинската полиција.

Тие, пак, одговорноста ја префрлаат на фирмата „Штутгарт АПКОА Дојчланд ГмбХ“ која стопанисува со паркингот. На прашањето на Берлинер Цајтунг, шефот на паркингот изјавил дека е запознаен со случајот и дека е во контакт со надлежните органи.

Бидејќи автомобилот не е на јавни патишта, според полицијата, одговорни се аеродромот Берлин-Бранденбург или управителот на паркингот.

Кој е сопственик на автомобилот останува нејасно, како и прашањето кој ќе ги сноси сега последиците. На прашањето дали APCOA ќе може да наплати неподмирени такси за паркирање од над 200.000 евра, компанијата одговори: „Дали ќе биде можно да се наплатат долгови за паркирање зависи од тоа дали должникот може да се идентификува и дали ги има потребните финансиски средства“, Fenixmagazine. пишува .